БДП ВО ПАД, ИНФЛАЦИЈА ВО СКОК – Што не чека во 2026 година
Цените на нафтата би можеле да останат над 100 долари до крајот на годината.

Аналитичарите на Банката на Америка предупредуваат на побавен економски раст, повисока инфлација и цени на нафтата над 100 долари за барел до крајот на годината, како последица на конфликтот со Иран и дури и ако војната заврши за неколку недели.
Глобалната економија, иако станува помалку зависна од нафтата, сè повеќе чувствува влијание од цените на природниот гас и ѓубривата, што претставува особено голем ризик за Европа и земјите во развој.
Економистите прогнозираат дека растот на САД ќе се намали за 0,5 процентни поени, достигнувајќи 2,3% во 2026 година. Главната инфлација се очекува да изнесува 3,6%, во споредба со претходно предвидените 2,8%. На глобално ниво, БДП е ревидиран на 3,1%, додека очекувањата за инфлација се зголемени на 3,3%.
Според банката, ова е пример за стагфлациски шок, при кој инфлацијата се зголемува побрзо и поизразено отколку растот на економијата, со цените на нафтата кои остануваат близу 100 долари за барел до крајот на 2026 година.
Прогнозата претпоставува дека конфликтот со Иран ќе заврши до крајот на овој месец. Сепак, доколку војната се ескалира и продолжи, многу повисоките цени на енергијата и значителната корекција на цените на активите би можеле да ја турнат глобалната економија во рецесија, предупредува Сеебиз.
