БАРСЕЛОНА ОСТАНУВА ВО ЕВРОЛИГАТА -Реал го менува правецот и оди во новата лига НБА-Европа
Идни перспективи и евентуално приклучување кон европски проект на НБА

Кошаркарскиот клуб Барселона објави продолжување на договорот со Евролигата, што ќе ѝ овозможи на машката екипа учество во најпрестижното европско натпреварување во следните 10 сезони.
„Управниот одбор одлучи да го продолжи лиценцирањето на клубот за елитните европски натпревари. Барселона е еден од основачите на Евролигата и продолжува да ја потврдува својата долгогодишна посветеност на највисокото ниво на кошаркарската сцена“, се наведува во соопштението на клубот.
Барселона има богата историја во Евролигата, со освоени две титули (2003 и 2010) и континуирано настапување на највисоко ниво во европската кошарка. Во последните месеци се појавија шпекулации дека клубот разгледува и можност за приклучување кон европскиот проект на НБА.
Во меѓувреме, Реал Мадрид одлучи поинаку и го напушта Евролигата и се приклучува на новото европско натпреварување под покровителство на НБА, проект наречен „НБА-Европа“.

