БАЧЕВ СО СИЛНА ЧЕСТИТКА ЗА ВЕЛИГДЕН – Еве што се вели во неа

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитки до сите православни верници кои го слават Велигден. Во честитката на Бачев се вели:
=„Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и во странство, да ви го честитам Воскресението Христово – Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир.
Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина.
Велигденското празнување ни доаѓа во тешко време кога треба да го одбраниме националниот карактер на Македонците.
Но, Татковината нема цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка. Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да го одбраниме Македонството од тие кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.
И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата според меѓународното право, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.
Водени од оваа верба, наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја.
Нека ни е честит големиот празник Велигден и нека е за многу години. Христос Воскресе! Навистина Воскресе! се вели во честитката на Бачев.
