БАЧЕВ ПОСОЧИ ФАВОРИТ ЗА ВИСТИНСКИ ОБВИНИТЕЛ – Открива зошто не може и самиот да се кандидира

Лидерот на Единствена Македонија јавно застана зад кандидатурата на Мустафа Хајрулахи и порача дека таков обвинител ѝ е неопходен на државата

БАЧЕВ ПОСОЧИ ФАВОРИТ ЗА ВИСТИНСКИ ОБВИНИТЕЛ – Открива зошто не може и самиот да се кандидира
Фото: Национал

Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев на социјалната мрежа фејсбук се осврна околу изборот на нов Јавен обвинител на Македонија по распишувањето на јавниот оглас од страна на Собранието. Бачев посочи фаворит за избор на државен обвинител а открива дека и самиот имал намера да се кандидира, но, оваа можност отпаднала поради законски причини.

„Прочитав дека Мустафа Хајрулахи се кандидира за државен обвинител. Тој е човек со солиден обвинителски стаж кој подолго време упорно се бори за правда, ред и неселективна борба против криминалот. Токму таков кандидат му е потребен на обвинителството, особено откако во изминатите 35 години видовме личности кои повеќе личеа на живи карикатури отколку на вистински обвинители. Ако мене ме прашате, за Мустафа би потпишал со две раце“ – истакнува Бачев.

Тој понатаму открива дека планирал и самиот да се кандидира, но, отпаднала, оваа можност поради законските измени за условите за избор на Јавен обвинител:

„Инаку, бев подготвен да се јавам и јас на огласот за државен обвинител. Законот дозволуваше да се јават на огласот и кандидати кои имаат најмалку десет години професорски стаж како универзитетски професор и положен правосуден испит, услов кој јас го исполнувам. За жал, овој услов беше избришан и сега можат да се кандидираат само лица со најмалку десетгодишен стаж како обвинители. За таа цел, подготвив и програма насловена како „Последната шанса за Македонија – Борба со мафијата“, која ќе ја ставам на увид на јавноста. Како и да е, мој фаворит за нов државен обвинител останува Мустафа Хајрулаки, доколку сакаме вистинско и силно обвинителство“ – напиша професорот Бачев на фејсбук.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This