БАЧЕВ ПО ПОВОД СВЕТИ САВА – Учениците на српски јазик добија подароци
Претседателот на Единствена Македонија го посети училиштето во с. Кушевиште по повод националниот празник на Србите

Фото: Национал
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на својата Фејсбук страница сподели информации за посетата на учениците од с. Кучевиште кои следат настава на српски јазик, по повод празникот Свети Сава.
„По повод Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија, денес бев во училиштето „Св Кирил и Методиј“ во с. Кучевиште каде претседателот на општинскиот комитет на Единствена Македонија Чучер Сандево, Драги Славковиќ им подели пригодни подароци на учениците со настава на српски јазик. Честит нека е празникот! Нека продолжи добрата соработка и пријателските односи помеѓу српскиот и македонскиот народ“ – напиша Бачев на фејсбук.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


