БАЧЕВ НА СЕМАКЕДОНСКИОТ СОБИР ВО МЕЛНИК 110 години од убиството на Јане Сандански
Од собирот е испратена пораката дека Македонците ќе се борат за своите права за да бидат она што се - Македонци, припадниците на Македонската заедница во Бугарија.

Делегација на Единствена Македонија на чело со претседателот Јанко Бачев, денеска, недела (27.04) присуствуваше во Мелник, Пиринска Македонија на Собирот на Македонците по повод 110 години од смртта на големиот македонски револуционер Јане Сандански. Бачев во Роженскиот манастир се поклони и положи цвеќе на гробот на Сандански.
Потоа, на собирот, пред споменикот на Сандански во Мелник, беше одржан народен собир на кој учествуваа Македонците од Бугарија, припадници на ОМО „Илинден – Пирин“, како и гости, Македонци од Грција, Македонија и од други земји.
Од собирот е испратена пораката дека Македонците ќе се борат за своите права за да бидат она што се – Македонци, припадниците на Македонската заедница во Бугарија.








CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


