БАЧЕВ МУ ВРАТИ НА МЕЏИТИ – Македонските херои не се забораваат, битката за правда продолжува
Бачев е познат по тоа што веќе 20 години упорно бара расчистување на перфидните убиства на македонските бранители од воената 2001 година, кои беа праќани во заседа и мораа да загинат.

„Јас велам војната беше неправедна, неразумна и нечиста и терористите од УЧК не беа решени само заради внатрешните предавста на Љубчо и Бранко и нивната желба за власт, профит и моќ. Толку, и тука нема разбирачка. Битката продолжува…му врати лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев на Иџет Меџити вицепремиер и еден од лидерите на партиите во „Влен“ кој рече „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“.
Бачев е познат по тоа што веќе 20 години упорно бара расчистување на перфидните убиства на македонските бранители од воената 2001 година, кои беа праќани во заседа и мораа да загинат. Тој тврди дека во македонската тајна полиција постојат два оперативни документи од тоа време, кои ги откриваат сите детали околу масакрите кај Карпалак, Љуботен и Вејце. Според него, информации има, но е потребна акција од надлежните органи. „Македонските херои не се забораваат, битката за правда продолжува. Одговорност мора да има“, потенцира Бачев во своите барања веќе две децении.


