БАЧЕВ: ЛАГА Е ДЕКА СЕ РАБОТИ НА АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ – Акцијата „Автомобил„ е укината и Глигоров го доби документот за тоа

Тоа значи дека разоткривањето на атентаторите денес зависи само од случајност, бидејќи, според официјалниот документ, сè е оставено на случајни откритија, а не на институционална истрага

БАЧЕВ: ЛАГА Е ДЕКА СЕ РАБОТИ НА АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ – Акцијата „Автомобил„ е укината и Глигоров го доби документот за тоа
Фото: Национал

Сите власти досега лажат дека се работи на атентатот врз Киро Глигоров  и дека истрагата е отворена иако Оперативната акција „Автомобил“ која беше заведена токму за расчистување на овој немил настан одамна е укината, посочува претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Денес, 3-ти октомври, повторно се повторува истата лага дека сè уште се води постапка против „непознат сторител“ за атентатот врз Киро Глигоров. Но, вистинското прашање е: кој ја дал наредбата за укинување на Штабот и оперативната акција со кодно име „Автомобил“, чија задача беше да го открие одговорот за атентатот? Своевремено, како претседател на Единствена Македонија, документот за ова лично му го предадов на самиот Глигоров. Тој со неверување гледаше дека токму акцијата „Автомобил“ е укината. За појаснување: по атентатот беше заведена оперативна акција „Автомобил“, во која требаше да се собираат сите сознанија и податоци од значење за овој трагичен настан. Но, со укинувањето на Штабот и на акцијата, организираното и систематско работење на МВР во врска со атентатот престана. Тоа значи дека разоткривањето на атентаторите денес зависи само од случајност, бидејќи, според официјалниот документ, сè е оставено на случајни откритија, а не на институционална истрага“ – нагласува професорот и лидер на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

CATEGORIES
TAGS
Share This