БАЧЕВ ДИРЕКТНО – Поповска го предаде делото на својот татко, ја избриша Македонија и сега со неоснована иницијатива бара алиби за Преспанското предавство
Лилјана Поповска очајно се обидува да си ја испере совеста откако газеше врз идеалите на својот татко, академик Блаже Ристовски, човек кој целиот живот посвети томови на одбрана на Македонија и македонскиот народ.

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев во објава на неговиот официјален Фејсбук профил истакна дека поранешната пратеничка од ДОМ Лилјана Поповска со иницијативата до Уставниот суд всушност бара алиби за предавството што го изврши со гласањето во Собранието за донесување на преспанкиот договор.
-„Лилјана Поповска очајно се обидува да си ја испере совеста откако газеше врз идеалите на својот татко, академик Блаже Ристовски, човек кој целиот живот посвети томови на одбрана на Македонија и македонскиот народ. Неговата ќерка, пак, како пратеничка крена рака за предавничкиот Преспански договор – со кој се брише сè што е македонско.
Можеби е човечки да се бара начин за покајување, но Поповска го одбра погрешниот пат. Уставниот суд има надлежност да одлучува за уставност и законитост на прописи, а актот што таа го оспорува не е тоа.
Истовремено, амбасадорот Ристо Никовски во својата колумна за „Национал“ јасно укажа на вистинскиот излез: „Единствен начин да падне во вода неприфатливата преговарачка рамка за ЕУ е да се откаже самиот протокол врз кој таа се темели. Со тоа паѓа и обврската за промена на Уставот. А откажување на протокол е чин за кој никој не може да ни замери.“
Сепак, медиумите сензационалистички објавија дека Уставниот суд „оформил предмет“ по иницијативата на Поповска, оставајќи впечаток дека постапката е решена. Но јавноста мора да знае: оформување предмет во судот значи само архивска ознака и негова распределба – ништо повеќе.
Затоа е извесно дека барањето на Поповска ќе биде отфрлено поради ненадлежност на Уставниот суд. Наместо празни иницијативи, Поповска треба да најде друг начин да се соочи со предавството што го направи кога гласаше за Преспанскиот договор – договор со кој директно удри врз делото и животната мисија на својот татко Блаже Ристовски, кој целиот век го посвети на Македонија и македонскиот народ. Историјата ќе памети дека токму таа, ќерката на човекот кој напиша томови за Македонија, го поддржа договорот за бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“ – пишува на фб статусот на професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев.


