АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ПОД ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОК Поради царините на САД до сега изгубиле стотици миниони евра

Автомобилската индустрија се соочува со сериозен предизвик, додека глобалната трговска политика сè повеќе ги одредува нејзините идни движења.

АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ПОД ЗГОЛЕМЕН ПРИТИСОК Поради царините на САД до сега изгубиле стотици миниони евра

Автомобилскиот гигант Stellantis, сопственик на брендови како Fiat, Jeep и Citroën, објави загуба од 300 милиони евра поради 25% царини на увоз во САД, воведени во април.

Како последица, испоранките во Северна Америка паднаа за 25%, а вкупната продажба за 10% во вториот квартал. И покрај приходи од 74,3 милијарди евра, компанијата бележи нето загуба од 2,3 милијарди евра.

САД постигнаа договор со Велика Британија за намалени царини, но заканите на Трамп за нови мерки кон ЕУ, Мексико и Бразил ја зголемуваат неизвесноста.

И други производители, како Jaguar Land Rover, ги почувствуваа последиците – со намалена продажба и отпуштање на 500 вработени во Велика Британија.

CATEGORIES
Share This