АВСТРИСКОТО ЕВН ГИ ОСТАВИ БЕЗ СТРУЈА Загрозени бебиња, деца и стари лица
Селата околу Велешкото езеро трпат нестабилно електроснабдување веќе три години

Фото: Принтскрин
Селата околу Велешкото езеро (Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари) секојдневно остануваат без струја. Проблемот трае веќе три години, а и покрај редовно плаќање и пријавување, решение нема.
Мрежата „прска“ при секој дожд и ветер, загрозувајќи бебиња, деца, стари лица и стопански субјекти. Хотели губат гости, домаќинствата апарати.
Поради неефикасноста на апелите до ЕВН, граѓаните и бизнисмените најавуваат радикализирање на своите постапки. Тие се самоорганизираат и подготвуваат колективни тужби против ЕВН, како и претставки до сите надлежни институции. Бараат итна реконструкција на електромрежата и стабилно снабдување со струја, соодветно за 21 век и за регион кој се наоѓа на самиот праг на градот Велес.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


