АВСТРИСКАТА МИНИСТЕРКА ОД СКОПЈЕ Европа не е комплетна без Македонија
Тие се согласија дека проширувањето е геополитичка неопходност за стабилноста на регионот.

Билатералните прашања не треба да бидат пречка на патот кон ЕУ, порача австриската министерка за европски и меѓународни работи Беате Мајнл-Рајсингер при посетата на Скопје.
На заедничката прес-конференција со министерот Тимчо Муцунски, таа истакна дека Македонија има направено значајни чекори и дека Европската Унија мора искрено да ја поддржи.
„Процесот е долг и често фрустрирачки, но ние сме сериозни во поддршката. Европа не е комплетна без вас“, изјави Мајнл-Рајсингер, додавајќи дека компромисот од 2022 мора да се реализира.
Муцунски ѝ се заблагодари за континуираната поддршка од Австрија, која е најголем странски инвеститор во земјата и клучен сојузник во процесот на евроинтеграции. Тие се согласија дека проширувањето е геополитичка неопходност за стабилноста на регионот.


