АВГАНИСТАН ВО ЖАЛОСТ – Разорен земјотрес однесе над 250 животи
Областа е позната по чести земјотреси. Минатата година таму животот го загубија повеќе од илјада луѓе во серија силни потреси, потсетува Ројтерс.

Авганистан беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа најмалку 250 лица, а повеќе од 500 се повредени, соопштија талибанските власти.
„Започнавме голема спасувачка операција и мобилизиравме стотици луѓе за да помогнеме на населението во погодената област,“ изјави портпаролот на Министерството за јавно здравје, Шарафат Заман, пренесе NBC.
Тој додаде дека ќе биде потребно време за да се добијат прецизни податоци за бројот на жртви и за материјалната штета, бидејќи земјотресот се случил во планински регион.
Епицентарот бил регистриран на длабочина од 10 километри, во близина на градот Џалалабад, недалеку од границата со Пакистан.
Областа е позната по чести земјотреси. Минатата година таму животот го загубија повеќе од илјада луѓе во серија силни потреси, потсетува Ројтерс.


