АУДИТО НА МЕРКО НА ПОПУСТ – Купено за 67.000, сега се продава за 10.000 евра

Луксузот на Мерко сега е достапен по симболична цена за граѓаните.

АУДИТО НА МЕРКО НА ПОПУСТ – Купено за 67.000, сега се продава за 10.000 евра
Фото: Национал

Советот на Општина Струга одлучи да го продаде општинското „Ауди А6“, кое беше купено за време на мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото, купено за 67.000 евра, сега ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од само 10.000 евра.

„Како советничка група, и јас и неколку други советници ја поддржавме одлуката за продажба, затоа што многу добро знаеме во какви околности беше купено возилото и во какво време. Струга имаше многу поголеми приоритети кои требаше да се решат, наместо купување на луксузно службено возило“ – изјави Коста Хиохи, советник од ВМРО.

Според важечките прописи, за возилото е пресметувана годишна амортизација од 15%, па неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари, односно околу 10.000 евра.

„Почетната цена на продажбата е еднаква на проценетата вредност утврдена од овластен проценител, а конечната цена ќе се одреди преку јавната електронска аукција“ – велат од Општина Струга.

„Ауди А6“ како службено возило се користеше шест години и во тој период беше поправано двапати, во март 2024 и јануари 2025, при што се потрошени 4.000 евра.

CATEGORIES
TAGS
Share This