АСИСТЕНКАТА ШТО ГО ИМПРЕСИОНИРА ТРАМП – И буди загриженост

Лични писма откриваат посебна врска меѓу Харп и Трамп

АСИСТЕНКАТА ШТО ГО ИМПРЕСИОНИРА ТРАМП – И буди загриженост
Фото: Принтскрин

Во Белата куќа и на голф-терените на Доналд Трамп, едно име сè почесто се поврзува со апсолутна лојалност – но и со растечка загриженост кај најблиските соработници на американскиот претседател. Станува збор за Натали Харп, поранешна водителка на екстремно десничарската телевизија „One America News“, која од 2025 година работи како извршен асистент на Трамп.

Нејзината посветеност, која според дел од вработените ја надминува вообичаената професионална рамка, предизвикала аларм кај Тајната служба, членовите на претседателскиот тим и пошироката јавност.

Харп, наводно, ја стекнала наклонетоста на Трамп со необична практика: постојано со себе носи лаптоп и преносен печатач и веднаш ги печати сите позитивни вести, коментари и објави поврзани со него. Според извори блиски до Белата куќа, Трамп бил толку импресиониран од овој пристап што ѝ наложил печатените материјали да ги испраќа до новинари, конгресмени, па дури и до странски дипломати.

Проблемот, велат инсајдери, е што голем дел од тие содржини потекнуваат од непроверени извори вклучувајќи фан-страници и екстремно десничарски портали што дополнително ја зголемило загриженоста во неговиот најблизок круг.

Ситуацијата станала уште посензитивна откако во јавноста излегоа наводни лични писма што Харп му ги испраќала на претседателот. Во нив, таа го опишува како свој „чувар и заштитник“, пишува дека тој ѝ носи радост и изразува желба да поминуваат време заедно без разговори за работа. Во едно од писмата, таа дури и парафразира дел од романот „Гордост и предрасуди“, потпишувајќи се со зборовите: „Засекогаш, Натали“.

CATEGORIES
TAGS
Share This