АРМИН ВАН БУРЕН ДОНЕСЕ СВЕТСКА МАГИЈА ВО БИТОЛА – ноќ за паметење под ѕвездите

Битола синоќа доживеа вистински спектакл со настапот на легендарниот Армин ван Бурен, еден од најголемите светски диџеи и икона на електронската музика.

АРМИН ВАН БУРЕН ДОНЕСЕ СВЕТСКА МАГИЈА ВО БИТОЛА – ноќ за паметење под ѕвездите

Градскиот стадион беше претесен за сите љубители на музиката што допатуваа од цела Македонија и пошироко, за да бидат дел од незаборавната атмосфера.

Настанот, кој беше врв на програмата Bitola OpenAir, во организација на Авалон Продукција и со поддршка од Општина Битола, понуди врвна продукција – од сценографија до обезбедување – што го постави градот рамноправно на мапата на европските музички дестинации.

„Битола синоќа беше симбол на живот, енергија и култура“, изјави градоначалникот Тони Коњановски. „Ова е потврда дека нашиот град има капацитет и душа за настани од светски формат.“

Со настапот на Армин, Битола направи културен чекор напред, покажувајќи дека може да биде дом и на најголемите музички имиња и да понуди незаборавно искуство – под ѕвездите, во ритамот на светот.

CATEGORIES
Share This