ЏАРЕЛ КВАНСА ЗАМИНА ОД ЛИВЕРПУЛ премина во Баер Леверкузен за 30 милиони евра

ЏАРЕЛ КВАНСА ЗАМИНА ОД ЛИВЕРПУЛ премина во Баер Леверкузен за 30 милиони евра

Фудбалската трансфер размена меѓу Баер Леверкузен и Ливерпул продолжува во летниот преоден рок. По пристигнувањето на Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг во редовите на новиот англиски шампион, сега талентираниот англиски стопер Џарел Кванса направи трансфер во спротивна насока – од „Енфилд“ во Леверкузен.

Според информациите на Фабрицио Романо, трансферот е вреден 30 милиони евра, со можност за дополнителни 5 милиони евра бонуси доколку бидат исполнети одредени услови.

Кванса потпиша долгорочен договор до 2030 година со Баер, каде што ќе го замени Џонатан Тах, кој неодамна се пресели во Баерн Минхен. Во договорот е вклучена и клaузула за откуп, што му овозможува на Ливерпул да го врати стоперот за одредена, однапред договорена сума.

22-годишниот Кванса моментално настапува за Англија на Европското првенство до 21 година, а синоќа одигра цел натпревар во победата од 3:1 над Шпанија, со што неговата репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето, каде ќе се соочи со Холандија.

Со овој трансфер, Баер добива млад, но веќе докажан дефанзивец, а Кванса нова можност за развој под водство на тренерот Шаби Алонсо.

CATEGORIES
Share This