АРБЕЛОА Е ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ, КЛОП ОТПАДНА – Еве кој е на пат за Мадрид за нов тренер на Реал

Прв избор на Перес беше Клоп, но тој ја отфрли понудата.

АРБЕЛОА Е ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ, КЛОП ОТПАДНА – Еве кој е на пат за Мадрид за нов тренер на Реал
Фото: Принтскрин

Јасно е дека Алваро Арбелоа е само привремено решение на клупата на Реал Мадрид, откако го наследи Чаби Алонсо. Раководството на „кралевите“ веќе интензивно работи на пронаоѓање на трајно решение.

Прв избор на Флорентино Перес беше Јирген Клоп, но легендарниот Германец веднаш ја отфрли можноста и соопшти дека нема да ја прифати функцијата тренер на Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, наследник на Арбелоа најверојатно ќе биде тренерот на Астон Вила, Унаи Емери.

54-годишниот Баскиец има пет финалиња во Лигата на Европа и четири освоени трофеи, а со Виљареал стигна и до полуфиналето на Лигата на шампионите. Во Реал Мадрид сметаат дека Емери е идеално решение за тренерската позиција и човек кој може да воспостави ред во соблекувалната.

CATEGORIES
Share This