АПСЕЊА И ДЕПОРТАЦИИ – Возачите на Западен Балкан подготвуваат голем протест

Превозниците бараат итно преодно решение за нормална работа на возачите од Западен Балкан.

АПСЕЊА И ДЕПОРТАЦИИ – Возачите на Западен Балкан подготвуваат голем протест
Фото: Принтскрин

Управниот одбор на бизнис-асоцијацијата „Меѓународен транспорт“ одлучи дека превозниците од Србија ќе започнат нов протест на 14 април, доколку итно не се донесе преодно решение кое ќе овозможи нормално функционирање и работа на професионалните возачи и превозници од Западен Балкан, се наведува на веб-страницата на здружението.

Според соопштението, одлуката е донесена по одржувањето на неколку состаноци на Техничката работна група со претставници на Европската комисија (ЕК). Претставниците на ЕК, како што се наведува, истакнале дека сите предлози за подобрување на статусот на професионалните возачи од Западен Балкан од страна на земјите членки биле одбиени. Здружението додава дека продолжува „понатамошниот терор врз возачите“, што вклучува апсења, депортации и забрани за влез во Шенген-зоната.

CATEGORIES
Share This