ЛАГА Е ЗАСЕГА ГОЛЕМАТА ПОБЕДА НА ЈАНКУЛОВСКА – Прашањата од судот во Стразбур се рутинска процедура објаснува адвокатот Митровски
Апликацијата е прифатена како „не очигледно неоснована“, но не и основана и оваа вообичаена фаза од процесот не претставува победа

Адвокатот Јанаки Митровски на Фејсбук појасни дека станува збор за вообичаена постапка на Европскиот суд за човекови права, а не за победа на Гордана Јанкуловска. Ова коментар го даде откако поранешната министерка за внатрешни работи објави дека Судот во Стразбур отворил „сериозни прашања“ во врска со предметот „Тенк“, за кој таа е осудена на затворска казна.
Митровски објасни дека вакви прашања Судот редовно испраќа како дел од стандардната процедура и дека тоа не значи победа на Јанкуловска.
Се шират дезинформации дека одлуката на Судот е „голема победа“ за Јанкуловска и критика кон македонското судство и претходната Влада. Вистината е следна:
„Секогаш кога се поднесува апликација првично ја разгледува судија поединец кој може да ја отфрли на старт како недопуштена или да го помине овој прв филтер ако не е очигледно неоснована. Внимавајте судот во прв филтер прифатил дека апликацијата не е очигледно неоснована“, што не е исто што и основана.
Адвокатот Митровски понатаму вели:
„Во следна фаза, која е токму оваа, Судот комуницира со Владата и поставува прашања на кои очекува одговор и кои се во насока на утврдување на битни факти за конечна одлука. Ова е ВООБИЧАЕНО во СИТЕ апикации кои го минале првиот филтер, и не претставува никаков огромен успех на апликантот како што се обидува да се претстави. Најнормалана комуникација меѓу судот и странките“.
Митровски појаснува дека по сите овие дејствија на судот во Стразбур може да следува одлука.
„Дури потоа предметот оди на одлучување, или пред стандарден Совет од седум судии или пред Голем судски совет од седумнаесет судии доколку се работи за прашање за кое Судот смета дека е особено важно во насока на заштита на правата од Конвенција. Да бидеме јасни, сите прашања упатени до Владата се легитимни, и темпото со кое е судена Јанкуловска, и пристапот до доказите, правото на одбрана итн. Но претставување на оваа, вообичаена фаза од процесот како “голема победа на Јанкуловска” е едноставно лага – напиша на фејсбук адвокатот Митровски!

