ЈАНЕВСКА НЕКА НАУЧИ АЛБАНСКИ НАМЕСТО ДА СЕ ЖАЛИ – ВЛЕН зачудени што Јаневска не разбирала албански на пресот

ВЛЕН заклучува дека почитувањето на јазиците што се зборуваат во земјата е знак на почит кон граѓаните и кон државата, и дека коалицијата останува посветена на институционална култура која промовира коегзистенција.

ЈАНЕВСКА НЕКА НАУЧИ АЛБАНСКИ НАМЕСТО ДА СЕ ЖАЛИ – ВЛЕН зачудени што Јаневска не разбирала албански на пресот
Фото: Национал

Коалицијата ВЛЕН денеска изрази жалење поради, како што велат, ставот на министерката за образование Весна Јаневска кон албанскиот јазик.

Според ВЛЕН, министерката вчера, за време на јавен настап, во неколку наврати изразила незадоволство кога градоначалникот на Тетово, Билал Касами, комуницирал со новинарите на албански јазик.

„Ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции“, стои во реакцијата на ВЛЕН.

Од коалицијата нагласуваат дека министерката не требало да реагира затоа што не го разбира јазикот.

„Наместо да го ценат фактот што г-дин Касами зборува и македонски и албански, министерката реагираше само затоа што не го разбираше албанскиот јазик“, додаваат од ВЛЕН.

Тие истакнуваат дека во едно демократско и мултиетничко општество, дури и странските дипломати учат албански.

„Да бидеш министер, па дури и министер за образование, а да не знаеш ниту еден збор од јазикот на сограѓаните Албанци и да реагираш на неговата употреба, е тешко да се разбере во контекст на коегзистенција и почитување“, се вели во соопштението.

ВЛЕН заклучува дека почитувањето на јазиците што се зборуваат во земјата е знак на почит кон граѓаните и кон државата, и дека коалицијата останува посветена на институционална култура која промовира коегзистенција.

CATEGORIES
TAGS
Share This