АНЧЕЛОТИ ПРОТИВ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Натпреварувањето го губи сјајот!

Карло Анчелоти, еден од најуспешните тренери во историјата на Лигата на шампионите, изрази своето разочарање од сегашната состојба на натпреварувањето. Во интервју за италијанските медиуми, тој не штедеше критики кон раководството на Лигата, сметајќи дека неодамнешното проширување негативно влијае на квалитетот на фудбалот.
„Гледајќи од другата страна на светот, Лигата на шампионите секогаш има истите фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн“, изјави Анчелоти. Тој истакна дека во првите кола на натпреварувањето сме биле сведоци на натпревари со високи резултати, но тие не успеале да го одржат интересот на фудбалските навивачи. „Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, додаде тој.
Тренерот не се двоумеше да укаже на фактот дека европскиот фудбал се движи кон профит, а не кон квалитет. „Оваа прва фаза беше проширена за да гледаме поинтересен фудбал, но не беше баш така, се покажа поинаку. Мораме тоа да го прифатиме“, заклучи Анчелоти, оставајќи отворено прашањето за иднината на Лигата на шампионите.

