АНАЛИЗИТЕ ЗА ПУЛС ПОСТОЈАТ – Но резултатите ќе се видат во судница

Родителите добиле само потврда дека анализите се направени.

АНАЛИЗИТЕ ЗА ПУЛС ПОСТОЈАТ – Но резултатите ќе се видат во судница
Фото: Национал

Дел од родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ утрово биле на разговор во Судска медицина, барајќи одговори за обдукциските наоди. По средбата, тие изјавиле дека наместо конкретни информации добиле само потврда дека се извршени токсиколошки анализи, но без увид во резултатите.

Според нивните кажувања, им било објаснето дека целокупната документација е доставена до Обвинителството и дека за конечните наоди ќе треба да се почека вештачењето во рамки на судската постапка. Директорот на институцијата, Александар Станков, не ги примил, а им било посочено дека не може да дава информации надвор од судската процедура.

Родителите велат дека и претходно им било укажано оти споделување на детали би можело да влијае врз текот на судењето. Тие остануваат во неизвесност, очекувајќи официјално да дознаат од што точно починале нивните деца. Посочуваат дека примероците биле земени веднаш по трагедијата, но анализите биле направени подоцна, по што резултатите биле предадени на Обвинителството.

CATEGORIES
Share This