МАКЕДОНЦИТЕ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ 284 МИЛИОНИ ЕВРА ОНЛАЈН Еве на што трошиме најмногу

Најголем дел од трансакциите се направени на популарните платформи Booking.com, Netflix, Amazon и Google.

МАКЕДОНЦИТЕ ЛАНИ ПОТРОШИЛЕ 284 МИЛИОНИ ЕВРА ОНЛАЈН Еве на што трошиме најмногу

Во 2024 година, Македонците потрошиле 284,4 милиони евра на онлајн купувања во странство преку 7,4 милиони трансакции – зголемување од 45,4% споредено со 2023. Најмногу пари се потрошени за патувања (авионски билети, сместување), а просечната вредност на трансакција изнесува 38,6 евра.

Најголем дел од трансакциите се направени во Холандија, Ирска и Обединетото Кралство, каде се лоцирани популарни платформи како Booking.com, Netflix, Amazon и Google. Највисока просечна трансакција е во Германија (214,2 евра), а најниска во Луксембург (14,1 евра).

Истовремено, странци во 2024 година потрошиле 37,2 милиони евра на македонски е-продавници, што е раст од 38,7%. Најмногу трансакции дошле од САД, Швајцарија и Германија, а најголем раст е забележан кај купувачите од Ирска. Според АЕТСМ, овие податоци покажуваат потенцијал за раст на домашната е-трговија, поттикната и од македонските иселеници.

CATEGORIES
Share This