АНА СТАВИ ТОЧКА – Девет години брак паднаа поради неверство на Бастијан со Бугарка

Тенисерката побара и издршка за децата, случајот на суд во Минхен

АНА СТАВИ ТОЧКА – Девет години брак паднаа поради неверство на Бастијан со Бугарка
Фото: Принтскрин

Еден од најпознатите спортски парови, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, по девет години ставија крај на својот брак.

Српската тенисерка поднесе официјално барање за развод до Окружниот суд во Минхен. Ивановиќ, која со децата моментално живее во Палма де Мајорка, побарала и издршка за нив.

Според медиумите, главната причина за распадот на бракот е аферата на германскиот фудбалер. „Дејли меил“ уште во април објави дека двојката се наоѓа во длабока криза поради притисокот од различните стилови на живот. Швајнштајгер, како фудбалски аналитичар, често патувал, додека Ана сè повеќе време поминувала со семејството во Србија. На крајот на јули, адвокатот на Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди дека се разведуваат поради „непомирливи разлики“.

Последната капка, според медиумите, била неверството на Швајнштајгер. Летото 2024 година тој започнал врска со Бугарката Силва, која ја запознал преку активностите на нивните деца во истото училиште. „Билд“ во јуни објави фотографии на кои се гледа како Бастијан ја бакнува Силва на плажа.

Германското списание „Бунте“ наведува дека Ана прво била подготвена да му прости, со надеж дека ќе го сочува семејството. Но, разводот станал неминовен откако Швајнштајгер ѝ рекол дека „сака да живее слободно“.

„Бунте“ неодамна ја објави сторијата „Тајното минато на новата љубов на Швајни“, во која се откриваат деталите за бурниот живот на Силва.

Според написот, Бугарката родена во Америка не била само сопруга и мајка на две деца, туку имала и уште едно минато исполнето со танцување – нејзината голема страст. Токму преку танцот, пред околу три години, наводно започнала и приватна врска со својот танцов партнер, софтверскиот инженер Карлос С. Извори тврдат дека таа афера траела шест месеци, иако Силва одбила да ја коментира оваа информација. Во тоа време, Силва сè уште била во брак со таткото на своите деца.

Односот со Карлос, сепак, бил далеку од хармоничен. Како што пишува „Бунте“, дури и шпанските власти биле вмешани во случајот. На 2 февруари 2023 година, Силва го пријавила Карлос за вознемирување, наведувајќи дека ја следел, ја уценувал и се заканувал дека ќе ја открие аферата. Во извештајот приложила и снимки од пораки.

Два дена подоцна, истражен суд изрекол заштитни мерки: Карлос не смеел да ѝ се доближи на помалку од 300 метри. Случајот завршил пред Судот за семејно насилство, кој на 26 мај 2023 година ја прекинал постапката по барање на јавниот обвинител, бидејќи доказите не биле доволни и снимките не се согласувале со исказите.

CATEGORIES
TAGS
Share This