АМСМ СО ИНФОРМАЦИЈА Магла и намалена видливост на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози

АМСМ СО ИНФОРМАЦИЈА Магла и намалена видливост на повеќе патни правци, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Поради појава на магла, утрово е забележана намалена видливост на повеќе патни правци низ државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Намалена видливост до 100 метри има на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на релацијата Скопје – Тетово, како и од 50 до 100 метри на патиштата Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, без поголеми застои. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 21 часот, граничниот премин Евзони е отворен за сите видови сообраќај за влез во Република Грција.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодена брзина и строго почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, се потсетува дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година, поради сезонски режим на сообраќај.

На повеќе патни правци низ државата се изведуваат градежни активности со времен режим на сообраќај, за што е поставена соодветна сигнализација. АМСМ апелира возачите редовно да се информираат за состојбата на патиштата и да го планираат патувањето согласно условите на терен.

CATEGORIES
Share This