АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ОН – Трамп за Гренланд постапува легално и не го крши меѓународното право

Американскиот претседател се споредува со Труман од 1940-тите

АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ОН – Трамп за Гренланд постапува легално и не го крши меѓународното право
Фото: Принтскрин

Американскиот претставник во ОН, Мајк Валц, во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека напорите на претседателот Доналд Трамп да го анектира Гренланд не го кршат меѓународното право.

„Од гледна точка на меѓународното право, претседателот Трамп се обидува да склучи договор, слично како што тоа го направи претседателот Труман во 1940-тите. Нема ништо нелегално во тоа и тој постапува според она што смета дека е потребно“, рече Валц.

Претходно, Трамп објави воведување тарифи од 10% за голем број европски земји, поврзани со прашањето за Гренланд.

CATEGORIES
TAGS
Share This