АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШОКИРА – Куба е на ред

Кубанскиот претседател Дијаз-Канел потврди дека се водат преговори со Вашингтон.

АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ШОКИРА – Куба е на ред
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот, за време на говор на инвестициски форум во Мајами, го пофали успехот на американските воени операции во Венецуела и Иран и истакна дека Куба би можела да биде следна во фокусот на САД.

Трамп не даде конкретни детали за тоа што планира да направи со Куба, но нагласи дека верува оти владата во Хавана, која се соочува со сериозна економска криза, е на работ на колапс.

Претседателот посочи дека неговата администрација во последните недели водела преговори со некои елементи на кубанското раководство.

„Јас ја изградив оваа голема армија и реков: ‘Никогаш нема да мора да ја користите’. Но, понекогаш мора да ја користите. И Куба е следна“, рече Трамп.

Тој додава:

„Но, преправајте се дека не го кажав тоа“.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел потврди дека земјата преговара со САД за да избегне потенцијален воен конфликт. Економијата на Куба е погодена од прекини во увозот на нафта, која е клучна за електрани и транспорт.

CATEGORIES
TAGS
Share This