АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА НА ГОТОВС ЗА ГРЕНЛАНД – Се чека наредба на Трамп
Трамп претходно побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд

Американската војска е подготвена да ги изврши наредбите на претседателот Доналд Трамп во врска со Гренланд во секое време, изјави за „Спутник“ портпаролот на Пентагон, Кингсли Вилсон.
Сепак, тој додаде дека сè уште не се донесени одлуки за промена на нивото на борбена готовност на американските сили на островот.
Претседателот Трамп претходно побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд. На 11 јануари, американскиот конгресмен Тед Ли, член на Демократската партија, повика војската да не ги следи евентуалните наредби на Трамп за напад на островот.
Данскиот министер за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, пак, најави дека Данска ќе продолжи да го зголемува своето воено присуство на Гренланд и истакна дека е неопходно засилување на силите на НАТО во Арктикот.


