АМБИЦИОЗНИОТ ПРОЕКТ НА ГОСТИВАР ПРОПАЃА Се повлекуваат од лигата, не се појавија на натпреварот со Пелистер
Тие се наоѓаат во исклучително тешка позиција и ако не го одиграат следниот натпревар во среда, на 7 мај во Кратово, ќе бидат испратени во најнизок ранг на натпреварување - Општинската лига.

Гостивар официјално се повлече од натпреварите во ПМФЛ, потврдувајќи ја својот одлука да ја заврши сезоната предвреме. Оваа одлука беше објавена преку соопштение на социјалните мрежи, а последниот удар на амбициозниот проект на клубот се случи пред денешниот натпревар во Струмица против Пелистер.
Иако имаше време до 16:00 часот за евентуално предомислување, на теренот не се појави никој од таборот на Гостивар. Наместо тоа, на местото на одигрување на натпреварот, со пристигнување само на тимот од Битола и официјалните лица, судиите во целост го следеа протоколот и, по истекот на половина час, главниот судија Јован Качевски од Струга го означи крајот на натпреварот. Според пропозициите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), оваа ситуација ќе биде регистрирана со службена победа од 0-3 во корист на Пелистер.
Одлуката на Гостивар да не ја заврши сезоната е поврзана со серијата проблеми и казни кои тимот ги претрпе по инцидентот на натпреварот против Работнички. Тие се наоѓаат во исклучително тешка позиција и ако не го одиграат следниот натпревар во среда, на 7 мај во Кратово, ќе бидат испратени во најнизок ранг на натпреварување – Општинската лига.
Се чини дека амбициозниот проект на Гостивар, кој на почетокот на сезоната имаше големи очекувања, сега се распаѓа поради финансиски и организациски проблеми, како и санкциите што ги изрече Дисциплинската комисија на ФФМ меѓудругото и зааарна за играње на домашен терн поради што денешниот натпревар требаше да се игра во Струмица.


