ЈАМАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ Флик и Деко во конфликт поради неговото однесување

ЈАМАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКАНДАЛ Флик и Деко во конфликт поради неговото однесување

Ламин Јамал, младиот фудбалер на Барселона, повторно привлекува внимание, но овој пат не поради своите фудбалски вештини. Неговото неодговорно однесување надвор од теренот почнува да предизвикува загриженост во клубот. Иако важи за еден од најперспективните таленти, неговиот бурен приватен живот негативно влијае на неговата форма и дисциплина.

Според информации од каталонските медиуми, раководството на Барселона е во страв поради неговото однесување, кое се влошува од крајот на минатата сезона. Оваа сезона, Јамал веќе двапати се повредил, а извори од клубот тврдат дека тоа е делумно резултат на неговиот недисциплиниран начин на живот. Неговиот менаџер, Жорже Мендеш, неодамна одржал трочасовен состанок со него, предупредувајќи го за последиците од неговите постапки.

Дополнителна тензија се појавила и во соблекувалната на „Камп Ноу“. Пред натпреварот против ПСЖ, Јамал задоцнил на тренинг, по што тренерот Ханси Флик одлучил да го изостави од стартниот состав како дисциплинска мерка. Меѓутоа, спортскиот директор Деко побарал од Флик да направи исклучок и да не ја спроведе казната, што довело до несогласувања помеѓу двајцата. Оваа ситуација дополнително ја нагласува потребата за подобрување на однесувањето на младиот фудбалер.

CATEGORIES
Share This