АЛОНСО МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ – Реал Мадрид победи со 2-1 кај Алавес

Реал Мадрид ја забележува шестата последователна гостинска побед

АЛОНСО МОЖЕ ДА ЗДИВНЕ – Реал Мадрид победи со 2-1 кај Алавес
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид ја забележа третата победа во последните девет натпревари, откако во гостувањето на „Мендизороцота“ го совлада Депортиво Алавес со 2-1, ослободувајќи малку од притисокот врз менаџерот Чаби Алонсо. Победата им овозможува на „кралевите“ да останат во трката за врвот на Ла Лига.

По две пропуштени шанси, Килијан Мбапе ја донесе водството во средината на првото полувреме. По одличната асистенција од Џуд Белингем, Мбапе се проби од левата страна и со прецизен удар ја смести топката во мрежата на Антонио Сивера за 0-1. Реал имаше шанса да го удвои водството, но голот на Белингем беше поништен поради играње со рака. Пред крајот на полувремето, Тибо Куртоа имаше клучна одбрана со лицето, спречувајќи израмнување од Пабло Ибањез.

Во второто полувреме, Алавес израмни со долга топка која го најде Карлос Висенте, кој прецизно шутираше покрај Куртоа. Првично голот беше поништен, но ВАР потврди дека Висенте бил во правилна позиција.

Клучниот момент за Реал дојде во завршницата на мечот: Винисиус Жуниор се проби по левата страна и упати низок центаршут, а Родриго рутински ја смести топката во мрежата за конечни 1-2.

Со оваа победа, Реал Мадрид ја забележа шесттата последователна победа на гостински терен, додека Алавес забележа осми пораз во низа против „кралевите“.

CATEGORIES
Share This