АЛИУ: ЛИЦЕНЦАТА НА ДОКТОРОТ КУЗМАНОВСКИ Е ИСТЕЧЕНА – Ќе се чека одлука од Лекарската комора

Кузмановски беше разрешен на 10 октомври по појавата на компромитирачко видео на социјалните мрежи.

АЛИУ: ЛИЦЕНЦАТА НА ДОКТОРОТ КУЗМАНОВСКИ Е ИСТЕЧЕНА – Ќе се чека одлука од Лекарската комора

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според информациите од Лекарската комора, на доктор Игор Кузмановски му е истечена лиценцата за работа и дека ќе се чека нивна одлука за нејзино можно продолжување.

Кузмановски беше разрешен на 10 октомври по појавата на компромитирачко видео на социјалните мрежи. Министерството најави проверка на неговата работа преку системот „МојТермин“, вклучување на ДСЗИ и формирање стручна комисија, како и развивање нов модул што автоматски ќе блокира акаунти на доктори со истечена лиценца.

CATEGORIES
TAGS
Share This