АЛБАНИЈА СО РЕКОРДЕН БРОЈ СТРАНСКИ ТУРИСТИ – Продолжува растот и во 2025 година

АЛБАНИЈА СО РЕКОРДЕН БРОЈ СТРАНСКИ ТУРИСТИ – Продолжува растот и во 2025 година

Албанија ја продолжува својата експанзија на туристичката сцена со рекордни бројки на странски посетители. Според податоците објавени од премиерот Еди Рама, само во првите шест месеци од 2025 година, земјата ја посетиле 4.761.648 странски туристи, што е за 5% повеќе во однос на истиот период лани.

Рама на Фејсбук истакна дека бројките покажуваат „стабилизиран раст на дојдовните текови и одржливи баланси во управувањето со туристичката понуда“.

Споредба на месец јуни:

  • Јуни 2023: 1.007.033 туристи
  • Јуни 2024: 1.244.967 туристи
  • Јуни 2025: 1.329.204 туристи – што е раст од 7% во споредба со претходната година

Споредба за периодот јануари–јуни:

  • 2023: 3.396.932 туристи
  • 2024: 4.547.896 туристи
  • 2025: 4.761.648 туристи – раст од 5% споредено со 2024 година

Овие резултати ја потврдуваат Албанија како сè попосакувана туристичка дестинација, не само на Балканот, туку и на поширокиот европски пазар. Стабилниот раст укажува на зголемена доверба кај туристите и на ефикасно менаџирање на туристичките капацитети и инфраструктура.

CATEGORIES
Share This