Европските аеродроми би можеле да се соочат со сериозен недостиг на авионско гориво доколку Ормутскиот теснец не биде повторно отворен во наредните три недели, пренесува „Фајненшл тајмс“.
Во писмо на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) до еврокомесарот за транспорт Апостолос Цицикостас, се предупредува дека продолженото нарушување на протокот низ Ормутскиот теснец може да доведе до „системски недостиг“ на гориво за авионите во ЕУ.
Според писмото, таквиот развој би имал сериозни последици врз европската економија, особено преку нарушување на летната туристичка сезона, во период кога побарувачката е најголема.
Организацијата апелира Европската унија да ги следи залихите на нафта, бидејќи цените на енергијата остануваат високи и покрај тековниот прекин на огнот меѓу САД и Иран.