АКТИВНИ ТРИ ПОЖАРИ – Ангажирани и странски сили во гаснењето

АКТИВНИ ТРИ ПОЖАРИ – Ангажирани и странски сили во гаснењето

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информира дека до 06:30 часот на територијата на државата се активни три пожари, додека еден е ставен под контрола. Од вкупно 28 регистрирани пожари, 24 се целосно изгаснати.

Најсериозната состојба е на планината Готен, во реонот меѓу општините Василево, Радовиш и Берово, каде пожарот беснее од вчера. Во гаснењето се вклучени не само домашни противпожарни сили, туку и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, како и пожарникари од Словенија.

Дополнително, активни остануваат и пожарите:

  • меѓу селата Галиште и Ќесендре во општина Кавадарци, каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација,
  • и кракот на пожарот кон селото Градешница во општина Новаци.

Надлежните апелираат на внимателност и соработка од граѓаните, особено во погодените региони, додека се преземаат сите неопходни мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарите.

CATEGORIES
Share This