АКО НЕ ВИ СЕ СЛУЧИЛО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ – Faacebook ненадејно ги заклучува налозите

Корисниците на Facebook се соочуваат со неочекуван проблем, откако многумина од нив добија предупредување за задолжително активирање на функцијата „напредна заштита“. Од синоќа, 14 август, при обидот да ја отворат апликацијата или веб-страницата, корисниците се соочуваа со скок-прозор кој ги информираше дека нивниот налог е заклучен.
Во ова предупредување, Facebook бараше активирање на „напредна заштита“ (Facebook Protect) за повторно да се добие пристап до налогот. Загрижените корисници се запрашуваа дали ова е нов вид измама или пак хакерски напад. Пораката јасно укажуваше на датумот на заклучување на налогот и објаснуваше дека оваа мерка е превентивна, со цел да се активираат дополнителни безбедносни опции.
Скок-прозорецот продолжуваше да се појавува дури и по затворање на Facebook или освежување на страницата. Некои корисници добиваа дополнителни информации дека им останале „0 дена“ за да ја активираат функцијата Facebook Protect. Сепак, проблемот се решава лесно: потребно е само да се прифати активирањето на „напредна заштита“ и да се следат неколку едноставни чекори со притискање на „Продолжи“. По завршувањето на овој процес, пристапот до налогот повторно се враќа и Facebook може нормално да се користи.
Досега, Facebook не издаде официјално објаснување за овој инцидент, ниту е познато под кои околности се активира ваков механизам. Сепак, корисниците кои ќе се соочат со ова предупредување не треба да паничат — доволно е да го завршат процесот на активација според упатствата и налогот повторно ќе биде достапен.


