ЈАКНЕЊЕ НА СОЈУЗНИШТВОТО ВО НАТО Македонија и Британија со нова стратешка Декларација

Дополнително, Муцунски и Лами дискутирале за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО, како и за заедничката соработка во мултилатералните организации.

ЈАКНЕЊЕ НА СОЈУЗНИШТВОТО ВО НАТО Македонија и Британија со нова стратешка Декларација
Фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, и британскиот државен секретар за надворешни работи, Дејвид Лами, денеска во Лондон ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Потпишувањето се одржа во просториите на Форин офисот, при што министерот Муцунски оцени дека со ова се отвора ново поглавје во билатералните односи и се поставува темел за продлабочена соработка со Обединетото Кралство.

„Овој документ ќе придонесе за натамошно јакнење и унапредување на стратешките односи, со посебен фокус на соработката во надворешната политика, безбедноста и одбраната – особено во рамките на НАТО“, истакна Муцунски во објава на својот профил на Фејсбук.

Според него, на средбата се разговарало и за неодамна потпишаниот договор „влада со влада“, кој има за цел да ја засили трговијата, да го поттикне економскиот раст и да овозможи реализација на повеќе инфраструктурни проекти.

Дополнително, Муцунски и Лами дискутирале за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО, како и за заедничката соработка во мултилатералните организации.

CATEGORIES
Share This