АКЦИСКА КОНТРОЛА БЕЗ НАДЗОР 13 полицајци осомничени за тешки дела против сигурноста

За сите 13 лица се бараат мерки за обезбедување на нивното присуство во текот на постапката. Обвинителството продолжува со истражните дејства за целосно расветлување на случајот.

АКЦИСКА КОНТРОЛА БЕЗ НАДЗОР 13 полицајци осомничени за тешки дела против сигурноста
Фото: Национал

Тринаесет полицајци од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, поради нивна вмешаност во инцидентот што доведе до пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март, за време на настапот на музичката група ДНК.

Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, полицајците се товарат дека при акциска контрола, не ја спречиле употребата на пиротехнички средства на сцената, што резултирало со пожар и сериозна опасност по животите на присутните.

„На место каде биле собрани поголем број на луѓе, дозволиле да се активира пиротехника, без тоа да биде пријавено во Полициската станица Кочани. По палењето, не презеле мерки за заштита на присутните во објектот ‘Пулс’“, истакна Коцевски.

Осомничените, како што појасни обвинителот, не само што не спречиле опасна активност, туку и постапиле спротивно на прописите – одобриле план за акциска контрола без претходна проверка дали се почитуваат стандардните оперативни процедури.

„Постои основано сомнение дека во периодот од 14 до 16 март 2025 година, службените лица, делувајќи како соизвршители, не ги почитувале безбедносните стандарди и процедури при изготвување и спроведување на акцискиот план за контрола на територијата на Кочани“, рече Коцевски.

За сите 13 лица се бараат мерки за обезбедување на нивното присуство во текот на постапката. Обвинителството продолжува со истражните дејства за целосно расветлување на случајот.

CATEGORIES
Share This