AI ПРЕСВРТ ВО ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА – NETFLIX користи целосно генерирана сцена во новата серија

Netflix направи историски пресврт во продукцијата – за прв пат користеше целосно генерирана сцена со вештачка интелигенција во аргентинската научно-фантастична серија The Eternaut. Потегот предизвика силни реакции во индустријата – од воодушевување поради технолошката иновација и намалените трошоци, до загриженост за иднината на креативните професии.
Сцената прикажува драматично уривање на зграда во Буенос Аирес и е целосно изработена со генеративна AI. Овој пристап овозможил сериозно намалување на буџетот и време на продукција, според изворите блиски до проектот.
Netflix не застанува тука – AI технологија веќе се користи и во филмот Pedro Páramo, каде преку алгоритамски подмладување се трансформираат ликовите на начин кој порано бараше скапи CGI процедури.
Додека компанијата гледа на ова како на чекор кон поголема ефикасност и иновација, многу филмски работници и синдикати предупредуваат на можноста од загрозување на човечката креативност и работни места. Вештачката интелигенција, велат, може да го трансформира филмот, но прашање е по која цена.


