АХМЕТИ СЕ ЖАЛИ ДЕКА АЛБАНЦИТЕ ОД ГАЗДИ ВО ВЛАСТА СТАНАЛЕ СЛУГИ Потврди разговор со Таравари и ги повика и другите од Вреди да ја напуштат владата
За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците а Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки и дека тие се само слуга и тоа што ќе им каже агата тоа го прават

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги потврди вчерашните пишувања во медиумите дека имал телефонски разговор со министерот за здравство и лидер на едно од партиите Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
„Како што изјави господинот Таравари, имав краток телефонски разговор и ништо повеќе, изјави Ахмети, објави ТВ 21
Но, Ахмети вели дека има и друга причина зошто Таравари го напушта Вреди. Додека Тараври вчера изјавуваше дека причината поради која АА не постигна договор со другите партии од Вреди е тоа што тој сакал да оди самостојно на локални избори, вечерва Ахмети вели дека има друга причина и Тарвари сфатил дека Албанците се само слуги во власта и ги повика партиите на коалицијата Вреди да ги напуштат институциите.
„Со ангажманот на политичките партии на Вреди во извршната власт, тие направија девалвација и ги понижија Албанците во Македонија. Континуирано ги повикувавме да ги напуштат институциите за да не станат дел од понижувањето. За да не бидат дел од девалвацијата на Албанците а Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки и дека тие се само слуга и тоа што ќе им каже агата тоа го прават – потенцираше Ахмети.

