АХМЕТИ: ЈАС ЈА УНИШТИВ ЈУГОСЛАВИЈА – Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома

Лидерот на ДУИ зборуваше за план А и план Б и испрати предупредување доколку политичката криза ескалира

АХМЕТИ: ЈАС ЈА УНИШТИВ ЈУГОСЛАВИЈА – Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома
Фото: Принтскрин

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека никој во Македонија нема поголемо искуство од него кога станува збор за национализмот.

„Јас ја уништив Југославија и две децении го спроведував проектот од 1981 до 2001 година. Но, ако го слушнете мојот говор на Конгресот, ќе видите дека никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Сè што имав да им кажам на моите вазали, го кажував во периодот од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, истакна Ахмети.

Тој нагласи дека неговиот план А останува насочен кон развој и напредок на државата, изразувајќи надеж дека нема да има потреба од активирање на план Б.

„Доколку излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, додаде Ахмети.

CATEGORIES
TAGS
Share This