АЕК РАСПИША ЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ – ќе паднат ли цените во мобилната телефонија?

Оваа одлука беше донесена во четвртокот и претставува клучен чекор во натамошната дигитална трансформација на земјата, со цел проширување и унапредување на телекомуникациската инфраструктура.

АЕК РАСПИША ЈАВЕН ТЕНДЕР ЗА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ – ќе паднат ли цените во мобилната телефонија?

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на Република Македонија донесе одлука за распишување јавен тендер со јавно надавање за доделување на одобренија за користење радиофреквенции во опсезите од 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Оваа одлука беше донесена во четвртокот и претставува клучен чекор во натамошната дигитална трансформација на земјата, со цел проширување и унапредување на телекомуникациската инфраструктура.

Според објавениот тендер, почетните цени на одобренијата се следни:

  • Одобрение А1: 4,2 милиони евра
  • Одобрение Б1: 1,5 милиони евра
  • Одобрение Ц1: 2,32 милиони евра

Понудувачите кои сакаат да учествуваат во јавниот повик се обврзани да уплатат депозит во висина од 10% од почетната цена на одобрението за кое аплицираат.

Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 22 август во просториите на АЕК. Понудувачите имаат рок од 35 дена од распишувањето на тендерот за да ги достават своите понуди.

Со оваа постапка се очекува да се поттикне конкурентноста во телекомуникацискиот сектор и да се обезбедат подобри услови за развој на мобилните мрежи, вклучително и за 5G технологијата. АЕК најави транспарентен процес и повика на активно учество на сите заинтересирани компании.

CATEGORIES
Share This