АДВОКАТСКАТА КОМОРА СО ОСТАР ОДГОВОР ДО КОЦЕВСКИ – Ова е обид за замолчување

Од Комората велат дека станува збор за мешање во независноста на адвокатите и обид за замолчување на одбраната

АДВОКАТСКАТА КОМОРА СО ОСТАР ОДГОВОР ДО КОЦЕВСКИ – Ова е обид за замолчување
Фото: Национал

Адвокатската комора жестоко реагира на дописот на државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој се пожали дека адвокати со јавни настапи за случајот „Кочани“ го нарушуваат интегритетот на истрагата.

Од Комората велат дека станува збор за мешање во независноста на адвокатите и обид за замолчување на одбраната.

„Обвинителството јавно изнесуваше детали уште пред обвинителниот акт да стане правосилен. Адвокатите не влијаат врз траењето на постапките,“ порачаа од таму.

Реакцијата следува по изјавата на адвокатката Сузана Анастасовска, која во ТВ 24 посочи дека не го добила целиот доказен материјал. Коцевски ја обвини дека изнесува невистини, додека таа возврати дека тоа е притисок и напад врз нејзината слобода на говор.

Во одбрана на колешката застана и адвокатот Звонко Давидовиќ, кој порача:

„Обвинителството е само странка во постапката и нема право да им диктира на адвокатите што да зборуваат во јавност.“

CATEGORIES
Share This