АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП МУ ЗАБРАНИ НА ХАРВАРД ПРИЕМ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ Од универзитетот најавија тужба

Американската влада предводена од претседателот Доналд Трамп му забрани на универзитетот Харвард да запишува странски студенти, обвинувајќи го за толерирање на антисемитизам и „расистички“ политики за еднаквост и различност.

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП МУ ЗАБРАНИ НА ХАРВАРД ПРИЕМ НА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ Од универзитетот најавија тужба

Министерката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, изјави дека Харвард ја загубил „привилегијата“ за прием на странски студенти.

Харвард остро реагираше, нарекувајќи ја мерката незаконска и одмаздничка, потенцирајќи дека интернационалните студенти се клучен дел од академската заедница.

Оваа одлука следи по конфликтот меѓу администрацијата на Трамп и водечките универзитети околу пропалестинските протести на кампусите по почетокот на војната во Газа, како и одбивањето на Харвард да соработува со имиграциските служби.

Поранешниот претседател Барак Обама, дипломец на Харвард, ја осуди мерката како „нелегален обид за потиснување на академската слобода“.

Сѐ уште не е јасно што ќе се случи со странските студенти кои веќе се запишани – тие може да мораат да преминат на друг универзитет или да го изгубат правото на престој. Харвард најави тужба против владата.

CATEGORIES
Share This