АЦЕ БОЦЕВСКИ УПАСЕН ВО ГРЦИЈА ПО 27 ГОДИНИ БЕКСТВО Следи екстрадиција за издржување казна
Боцевски, кој денес има околу 60 години, според македонските власти значително го променил својот изглед, поради што не бил лесно препознатлив од сликата објавена на страницата на Министерството за внатрешни работи во делот за барани лица.

По речиси три децении во бегство, грчката полиција го уапси Ацо Боцевски, познат под надимакот Циганот, кој во 1998 година беше осуден на 15 години затвор за убиство. Апсењето се случило во градот Катерини, а информацијата ја пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според македонските судски документи, убиството за кое Боцевски е осуден се случило во ноември 1997 година. Тој тогаш предизвикал сообраќајна несреќа, по што, откако жртвата излегла од возилото, ја нападнал со огнено оружје и ја усмртил. Жртвата била 37-годишен македонски државјанин.
Иако бил осуден следната година, Боцевски успеал да избега пред да започне со издржување на казната, по што против него била распишана европска потерница. Во изминатите години се претпоставува дека се криел на територијата на Бугарија и Турција.
Боцевски, кој денес има околу 60 години, според македонските власти значително го променил својот изглед, поради што не бил лесно препознатлив од сликата објавена на страницата на Министерството за внатрешни работи во делот за барани лица.
По апсењето во Катерини, Боцевски ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун, каде ќе започне процедурата за негова екстрадиција во Македонија, каде конечно ќе се соочи со правдата по 27 години бегство.


