АЦА ЛУКАС ПРИВЕДЕН ВО КАВАДАРЦИ Настапувал без потребна дозвола

Контролата во угостителскиот објект утврдила повеќе прекршоци – неиздавање фискални сметки, прекршување на Законот за пушење и прием на повеќе гости од дозволеното.

АЦА ЛУКАС ПРИВЕДЕН ВО КАВАДАРЦИ Настапувал без потребна дозвола

Познатиот пејач Аца Лукас е приведен во Кавадарци поради настап без потребна дозвола. Контролата во угостителскиот објект утврдила повеќе прекршоци – неиздавање фискални сметки, прекршување на Законот за пушење и прием на повеќе гости од дозволеното.

МВР соопшти дека против Лукас е поднесена прекршочна пријава по Законот за странци и дека Основниот суд Кавадарци му изрекол парична казна. Надлежните институции ќе поднесат соодветни поднесоци и најавуваат продолжување на зајакнатите контроли низ државата.

CATEGORIES
Share This