ААВМУ ЗА 3 МАЈ СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕДИУМИТЕ Вештачката интелигенција мора да биде алатка, а не замена за новинарскиот етика
Агенцијата додава дека вештачката интелигенција нуди иновативни можности за подобрување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржина и побрза верификација на факти, но исто така носи и сериозни ризици во поглед на ширењето на дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа.

Во пресрет на денешното светско одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на влијанието на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) нагласи дека единствено професионалните и независни медиуми можат да придонесат за стабилен општествен и демократски развој во време на брзи технолошки промени.
„Слобода на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци“ – велат од ААВМУ.
Сепак, како што истакнува ААВМУ, со развојот на вештачката интелигенција, ова право добива нова димензија и се соочува со нови предизвици.
Агенцијата додава дека вештачката интелигенција нуди иновативни можности за подобрување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржина и побрза верификација на факти, но исто така носи и сериозни ризици во поглед на ширењето на дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа.
„Вештачката интелигенција претставува вреден ресурс во новинарската практика, но таа не смее да биде целосна замена за темелната проверка, критичкото размислување и објективноста“ – додаваат од ААВМУ.
Во оваа нова ситуација, ААВМУ нагласува дека медиумите треба да ги користат овие нови алатки со претпазливост и одговорност, со почитување на највисоките етички и професионални стандарди.


