НАПАДНАТ СРПСКИ АВТОБУС СО ТУРИСТИ КАЈ СОЛУН – Повредени тројца патници
Инцидентот се случил во средата навечер, пред излезот за старата магистрала Солун–Верија, пренесува грчкиот медиум Прототема.

Група малолетници нападнале автобус со српски туристи на автопатот Егнатија, во близина на Солун. Инцидентот се случил во средата навечер, пред излезот за старата магистрала Солун–Верија, пренесува грчкиот медиум Прототема.
Автобусот, во кој патувале 38 лица, бил погоден со камења од четворица напаѓачи, најверојатно малолетници. Од ударите било скршено стаклото, а тројца патници се здобиле со полесни повреди.
Меѓу нив бил и 64-годишен возач, кој по укажана медицинска помош во болницата АХЕПА бил пуштен на домашно лекување. Другите двајца повредени патници од Србија не побарале болничка интервенција.
Полицијата привела две лица, но поради недостиг на докази тие биле ослободени.
CATEGORIES Свет


