ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА – ЕВН најави прекини во Сопиште, Аеродром и Студеничани

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА – ЕВН најави прекини во Сопиште, Аеродром и Студеничани

ЕВН Македонија информира дека денеска, четврток (31 јули 2025), делови од неколку скопски општини ќе бидат без струја поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Во општина Сопиште, електричната енергија ќе биде исклучена во два термина:

  • од 07:00 до 16:00 часот, на потегот од последната автобуска станица на линијата 24 до маркет „Давидов“,
  • и од 13:00 до 15:00 часот, за корисниците од викендиците во Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце.

Во општина Аеродром, прекин ќе има на улицата Ѓорѓи Капчев, во периодот од 08:30 до 15:30 часот.

Во општина Студеничани, без електрична енергија од 09:30 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците во селото Морани.

ЕВН апелира граѓаните да бидат трпеливи и ги замолува за разбирање додека траат активностите.

CATEGORIES
Share This